Ужас. Момчињата се караа меѓу себе, фрлаа со книги и играчки, а јас неможев да го употребам мојот авторитет, односно тие воопшто не реагираа на моите молби и закани да престанат.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Му укажав на Кожинката за можните компликации. Ги спомнав имињата на учесниците во можниов заговор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не фаќајте ме за збор, не сум сигурен колкав е бројот на изјавите што ги има напишано; (ете да речеме дека се неколку); но врз основа на нив како и врз основа на сознанијата со кои се здобив откако се запознав со материјаливе и со активностите, сфатив дека момчето е испратено со одредена намера, а таа намера требало директно да тропне на вратата на мојот авторитет.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Треба да си надарен со скиснат ум па да не дојдеш до заклучок дека зад овој божем банален случај не се прикрива некоја подла намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)