мој (прид.) - анахронизам (имн.)

А си чула ли - ми велат: – едноставна е само вистината и ќе ти ја кажеме цела Ме оставија со уста подзината: моево анахронизам било – тема одамна остината Едно сфатив - во мене е вината Критериумот се беше сменил Вредностите никој не ги цени! 2004
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)