Зошто трагата (ниту присутноста ниту отсутноста, од другиот крај на бивствувачкото, ако не и бивството - а секогаш ме интересирал самиот ивичник на негативните теологии, на пример, во Comment ne pas parler (Како да не се зборува) /Psyche/) “е” она што ја придвижува филозофијата и со самото тоа ѝ се ускратува, се спротивставува на строго онтолошкото, трансцендентално или филозофско разбирање во општа смисла?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И ако литературата, според моето гледање, задржува за себе некоја повластеност, од една страна тоа е затоа што таа го тематизира настанот на пишувањето, а од друга, поради она што во текот на политичката историја ја врзува со начелната овластеност да „каже сѐ“, што пак на единствен начин ја приведува кон она што го нарекуваме вистина, фикција, привидност, наука, филозофија, закон, право, демократија. 4Кој беше влогот за тие описи?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)