мој (прид.) - година (имн.)

Кога ќе стигне во моите години, никогаш не е добро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Возрасна девојка па може да се каже и жена со оглед на моите години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На него се имам искачено неколку пати но, за овие мои години тоа е веќе преголем залак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си велам,човек на овие мои години и олку на умирање, на жена не помислува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Која друга смисла во животот ќе ја барам јас сега на овие мои години.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така ме поучи богот на моите години и јас послушав: пролети, саботно утро, се искачив до домот на скулпторот, влегов во неговото атеље и не помисувајќи дека влегувам во тајната на создавањето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Па нека се свртат малку наназад и нека се сетат што правеа тие на мои години.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме побарал некој млад човек на мои години (тогаш имав 33).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во моите години повеќето луѓе се повлекуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- ... Знам, знам, - го прекинав. - Ти на мои години ни до Дојран не си бил, а камоли на Егејско Море, Јадранско Море, Црно Море, Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Мавровско Езеро..., - му ги наредив подбивно сите места на кои до сега заедно сме биле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јагода Михајловска - Георгиева Јас, момчето молња (1989) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 ПОСВЕТЕНО На моите благородни родители, Елена и Благоја, коишто со својата животна ведрина, љубов и мудрост, успеаја моето детство да го престорат во чудесно, блескаво јадро, што ќе се размножува низ моите години, до годините на моите деца и натмау...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа беше едно дете сениште од мои години, но излезе само така личел, имал три-четиринаесет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Храната се менува...  Б: Да, го забележувам тоа.  К: ... а тоа пристигнува и до луѓето на мои години.  Б: Да, го забележав тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А од кого ќе позајмам јас, му вели, кој ќе ми даде мене години, и со мои години ќе живеам јас, му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)