Па, сепак, ме забавува мислата како братучед ми Герман ќе им се фали на луѓето со својата досетливост иако тоа е моја досетка и којзнае дали таа досетка би станала и негова досетка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кој може за оваа работа да биде поумен од тој што најдобро ја знае оваа куќа, а тој сум само јас", им вели братучедот Герман на луѓето кои заинтересирано го слушаат и потоа им ја раскажува мојата досетка што случајно потоа станала и негова.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- реков и се насмеав -Знаев дека Пачев не ќе беше доктор ако не ми дозволеше да поверувам дека со моите досетки можам да си обезбедам барем еден лет со мојата девојка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа беа денови кога верував дека темите што мене ме измачуваат се мисли и желби на секој кого ќе го погледнев иако ми се чинеше дека никој не ги сфаќа сериозно моите досетки што се раѓаа во празните моменти на исчекувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)