Краста: Многу одамна познавав една Биби.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од неа тројца мои другари заработија пицајзли.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Другиот Турчин со мене беше комита - мој другар.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дервишот, кога го читаше писмото, брадата му трепереше од страв.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пред Оливера излегов наивен и глупав, зашто сето тоа ѝ го раскажав, се извинував, се разоткрив неспособен самиот да се приготвам за на есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Знам, тој се преправаше божем ми верува дека сум нажален заради заминувањето на баба, иако добро знаеше дека многу сакам барем малку да сум си сам, да се грижам за себе како и моите другари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Јас не сум малечок, бабо. По три дена ќе тргнам во петто одделение. Моите другари откако ги знам сами се снаоѓаат дома“, - се вмешав во разговорот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не ме принуди да ги поткажам моите другари и другарки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вие сте во право, меѓутоа, ве молам, ова со лексиконот сфатете го како обична детска игра“, рече мама. Ѝ бев крајно благодарен на мама дека така постапи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ништо, ќе јадеме од моите бонбони“, рече Оливера и продолжи да ми ги раскажува лекциите по географија.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И додека таа еднолично дрдореше, јас ги слушав веселите викотници на моите другари откај задните седишта.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Птиците не ѝ пеат на смртта туку на својата слобода и достоинството, и на честа на своите предци им пеат кои ги научиле на оваа горда песна и на сознанието дека во животот само смртта се мери со честа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Му пеам на трнарчето и си помислувам на мојот кафез на Edgar Quinet на Montparnasse: Не помислувам на туку на песна на моите другари, помислувам - таа можеби да ме оздраве... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тој очекуваше расправии, кавги, може и до инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван војвода Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари — теслим.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Косата е леплива и долга. Тоа е главата на мојот другар. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 69
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Псалтир Палигоров слушаше, без да коментира, додека гласот на директорот стануваше сѐ понервозен: - И ова, драги мој другар Палигоров, не сте смееле да го прифатите во овој проклет предлог за одликување.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Овој извик на мојот другар ме отрезни, но истовремено го почувствував и како нов убод во моето веќе рането срце.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Својата прва слика ја насликал на 15 годишна возраст: „Тогаш, сѐ уште го посетував лицејот во Руен.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Двајца мои другари исто така почнаа да сликаат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Училишната одаја, без познатите бледи главчиња на моите другари, ми се стори писта и студена гробница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Јас - рече високиот и сув маж – сум Порфирогенис, член на ЦК на КПГ и заедно со моите другари дојдовме да ви донесеме борбени поздрави од вашите татковци, мајки и браќа кои херојски и несебично се борат за слобода и демократија и против англоамериканскиот империјализам и нивните домашни слуги кои си седат во Атина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Од каде вие ја познавате таа жена, - рекол човекот, таа беше моја другарка, сопруга.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Јас никогаш дома пред татко ми не прикажував за тоа што се случуваше во животот на таа моја другарка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Со моите другарки си поигрував по враќањето од часовите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Чуден и даровит беше мојот другар Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зборовите од турски на македонски ми ги преведе мојот другар Ремзи Туфекџи, пред заминување за Турција.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На тоа мојот другар, Специјалист за чудни болести, рече: „А, како јас да разговарам со некој кој го нема“, притоа гледајќи длабоко во една точка од ѕидот. Неподвижно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Моне Хенџов-Даров беше мој другар и другар на моите другари.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ко што му се радував јас на цвеќето подабиче, така му се радуваше и змијата, мојата другарка, куќната чуварка, мојата мила сестра,и помила посестрима.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мојот другар специјалист за чудни болести, спокојно ме ислуша и на тоа рече: „Тоа е тешко заболување, но сепак, надежно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Едно утро, Нуне Волта побарал прием кај командантот и вака му рекол: - Јас друже команданте, можам на вас и на моите другари соборци и на нашите непријатели да му покажам и докажам што можит поезијата, што можит поетската реч.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој ден дојде кај мене мојот другар, познат Специјалист за чудни болести.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Неколку месеци по разговорот со мојот другар Специјалистот за чудни болести, повторно се „фатив“ како сам си зборувам, како сам си се прашувам и сам на прашањата си одговарам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На тортата свеќички прекрасни ќе ставам со моите другарки журка ќе си правам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Знаеш, пред некој ден се слушнав со мојата другарка од детството, онаа бабицата Јана од Бечеј.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Добро плаќаа, а не се чувствував загрозено како што моите другарки зборуваа бидејќи веднаш беше очигледно дека се отруени со седативи, дека не можат ни да мислат ни да зборуваат, а не да се движат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ништо не го беше изменило: истиот мој другар од младоста, полн со енергија и хумор.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Ептен дека си ти, инаку ќе одев со автобус. Најдобри другари ми се пензионерите“. Мојот другар Баци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Спевал Васил Богоевски, с. Долно Дупени, Преспанско Славеј пиле, ја запри се, ја почекај, немој пеј, не буди го мојот другар, нека мирно почива.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Веле стои на пештера, тој ми вели ем говори: „Ај станујте, мој другари, фашистите сардисаа, сега за нас живот нема, живи ќе нѐ изваќаат“ Сите тогај се пробија, се пробија, куртулија, другар Пецо ни погина – фашистите го фатија, главата му пресекоа, долу село ја снесоа, долу село во Габровник, во Габровник на средсело.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Па, не е фер и таа моја другарка е далеку.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Еј, Пупи Паф, срце мое, во рудокоп ќе се виткаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кутриот мој другар, се колнам како изгорен потоа бргу се тргна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Си спомнувам, и тој така се смееше, мојот другар Кејтеновиот син, ќе видите, лудо се смееше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со несудениот, полека си оделе и кога дошле до крстосница каде што таа требала да сврти десно за дома, а тој лево, му рекла: Со кој ум сте тргнале по мене, зар не ви е познато дека јас не одам никаде без мојот другар во џебот и го извадила пиштолот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мојот другар, генералот, ги беше заборавил своите оловни војници некаде во близина на хоризонтот, во онаа потемнета зелена кутија на Пандора.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
- Ами баби не одат со стомни на вода - се смееле моите другарки!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Му велеше: Еден мој другар загина на фронтот само затоа што беше левучар: не можеше на лева страна да нишани со пушката...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Нека одат кај другите Батанџии, нека прават шенлак со тие невести и моите другари!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сопчето ни доаѓаа често моите другари. Останувавме до доцна во ноќта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мојот другар собра суви гранки и смреки и запаливме оган. Од топлината нѐ фати дремка и заспавме.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но моите другари во рововите мислат дека бегам, дека дезертирам и пукаат по мене...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
4. Од сите мои другари Дудан е најмолчаливо дете.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Но фала му на мојот другар Гино - Гино: ми даде „калибарка“.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ко кучињата што долго не се виделе се душкавме со моите другари: Русале, Геро, Дудан, Гино-Гино.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Утредента со мојот другар Разме тргнавме да видиме што стана со Марулко.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ако не скокнев над мојот другар да го засолнам кога падна гранатата во ровот, немаше да ослепам...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мојот другар Мартин во последно време многу се здебели. За волја на вистината, се здебелив и јас, но тоа не е од никаква важност за малава приказна што ќе ви ја раскажам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Бабо, кога ќе ти дојдат коледарчиња, мои другари и другарки - да ми ги поздравиш! Те молам бабо!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најпрвин треба да прашам дали ќе ме примат во автобус. Сега сè се млади шоферчиња, ама ќе најдам син од некој мој другар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Четврта робија Ах, кај се мојте другари, робио нова болгарска, кажи ми, кај ги поштоме?
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Ја отворив книгата на мојот другар Братољуб и причитав: „Ступиден, значи: глуп, тапоглав, приглуп, будалест.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, мислам, не е лошо да има во нив деца како мене и моите другари.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сите мои другари ќе доаѓаат тука да се капат. Што пара ќе собереме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Што ќе речат моите другари на кои им раскажав дека наесен ќе им подарам по еден примерок од романот за деца што заеднички сме го напишале јас и мама?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Пред да почне ѝ реков: - Никој не ми верува од моите другарки и другари дека со тебе и со тато разговараме за вакви тајни и збранети работи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Велеше: - Ти, како се осмелуваш да ми замеруваш зошто не ги примив во друштво другарките на Лима, прво и основно треба да си задоволна што воопшто секаде те влечеа моите другари, ти плаќаа пијачки и такси.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се покажа дека тоа била една од моите другарки со која многу се дружев додека живеев во Кочани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите, нема право да го штеди ни сопствениот живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Точно знам како се чувствуваат и што сè доживуваат сега, а желбата да бидам со нив таму ми е толку голема што ме прави да бидам неутешна, оти е неостварлива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ох, Мила, Мила, мојата другарка, мојата драга другарка, си повторував во себе и не се осмелував да го распрашувам за детали.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Моите другарки се плашат од своите татковци, а јас не. Дали е тоа во ред?!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сите мои другарки имаа понекоја симпатија, сите зборуваа за нив и тоа беше и сè уште е наша најважна тема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што вреди кога ми е здосадено од сите нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Би средил можеби, но има еден голем проблем – се сневесели тој, - таа му се допаѓа и на еден мој другар, кој тоа самиот ми го призна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мамо, се сетив тогаш – што го нема бато да се јави од Лондон?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сите мои другарки одвреме-навреме се поплакуваат на своите родители, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Веста беше најстрашната што сум ја чула откако знам за себе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да не има тој грешено што бил секогаш толку полн со разбирање за нас, се трудел да не нѝ забранува и да не нè казнува, туку сè да се решава низ разговор?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеби некоја од нив, светулките, или некоја од ѕвездите, е мојата другарка Мила?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А ти, Бреза, само нè слушаш и ништо не кажуваш за себе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се бунат и моите другарки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Имав многу причини да бидам задоволна поради неговото заминување.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дали да попуштам и да си купам „Најки”, бидејќи и мене како и на моите другарки ми се допаѓаат, а и рекламата им е супер, или да правам како брат ми, да тврдам дека не сакам ни да чујам за нив и ним сличните.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Па, не ти е баш мал проблемот – реков – ама, од каде да знаеш, можеби тој нејзе не ја привлекува, можеби баш ти ѝ се допаѓаш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ајде кажи, нормално ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А некоја друга, можно да е Миру, пријателката на Игбал? Но, каде е тој?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Денес е петок и моите другарки, сестрите – близначки Вања и Тања, токму во овој миг се наоѓаат во Евродизниленд во Париз.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И Снеже, и Тања, и Мацка, и Весна се едногласни: претерувам со Маврово и испуштам важни настани, а тие редовно се случуваат во петок и во сабота навечер.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не ги сакам ни јас, сите ги носат, не ми се интересни – ѝ реков, ама не бев воопшто сигурна дека е баш така.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)