Можеби, како што вели пријателот Хорацио Цвикало, јас боледувам од „К-синдром“: орелот што ме колве е заробен внатре, во мојот желудник, и очајнички се обидува да се исплетка – оттаму ме господарот сновинденијата и јавето го вселувам во бајка; но овој случај сè е очигледно: наспроти впечатливите портрети на мајсторите – свештеници, кои ја проголтаа одајата, сликичките во албумот ја откриваат лежарноста на шаховските фигури по играта, околу трпеза или на шарено ќилимче сред поле, а меѓу нив, од сончевиот воздух, изнуркуваат тие - надреалистичките девојки!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во неколку мигови, наместо насмеаното лице на Кристина, си ги замислував цревата како се измачуваат во кафеавоцрната темнина на мојот стомак, пред очи гледајќи ги сите суви изџвакани меса како тегобно се препелкаат низ мојот желудник, потоа немајќи место да се симнат надолу.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Додека лежев и гледав како крвта истекува низ мојата кошула, чув неколку истрели и викање. (Подоцна - многу подоцна - ми рекоа дека два куршуми поминале низ мојот желудник, црниот дроб, слезината, белите дробови).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Требаше само да ја најдам автобуската станица за да си заминам оттука засекогаш.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)