Едноставно, јас ги засновав моите забелешки на размислувањето што го направив кое е засновано на погрешното читање на нивното дело. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но без грижа, нема да ви препорачам да излезете да купите некои книги и да почнете да го читате Лудвиг Витгенштајн и/или Жак Дерида, ако не од некоја друга причина од таа што вториот е прилично тежок да се разбере било на англиски или француски.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се појавува мажот ⥊ кој ⥊ ја дава судбоносната чаша со млеко.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Керол Ломбард ја чула мојата забелешка: „Актерите се стока”, и кога дојдов на објектот, затекнав неколку грла стока во мал заграден простор. Тоа беше нејзино дело.“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но, еден податок што го прочитав во бугарските дневни весници (во скоро сите од 4-ти февруари) ги чини точни моите забелешки.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На таа моја забелешка таа се сврте кон мене и ме погледна, ми се чини, со извесна стравопочит.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Како да сте изненадени? Ова мое талкање помеѓу небитните поединости можеби ви се чини чудно?“, сакам да му речам на Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа се насмевна на мојата забелешка и побрза да ми објасни дека овој збор го употребила само како замена за оние, другине, кои звучат можеби повистински но затоа пак и се чинат погрди.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- И секогаш повторно мене ми се обраќаш да ти помогнам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Отсекогаш погрешно ги толкуваш моите забелешки - ми рече Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, јас не ги познавам ниту албанскиот, ниту македонскиот јазик, но ќе бидам загрижена доколку мојата забелешка би го засегнала вашиот преведувач, но еве за што се работи!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На мојата забелешка на панегиричниот говор на еден од домаќините за Сталин, дека со него како и насекаде во светот е завршено засекогаш, се најдов во монструозна стапица на режимот, чии димензии ми стануваа јасни дури во Атеистичкиот музеј во Скадар, во кој се најдов како во десеттиот круг на Дантеовиот пекол, овојпат поместен на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Впрочем доктор Пачев најде за потребно да ми го соопшти ваквиот свој суд уште при првото разгледување на овие мои забелешки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа плачеше кога ми ја соопшти оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Добро, заборавете ги моите умувања а посебно оние во врска со бројките; заборавете исто така дека Катерина не беше реагирала на оваа моја забелешка во врска со детските години; претпоставувам дека не ја беше слушнала.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да се најдовме на истата патека зашто во следниот момент ја слушнав мојата забелешка за смртта на Самоников изречена токму од него: „Имам слушнато” објаснуваше тој “дека понекои злобници тврдат оти љубовта кон Јана била причина за неговата смрт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Значи тој знаеше само за онаа моја забелешка кога го спомнав патувањето од самицата па до овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Значи пред Грофот сепак го немам спомнато името на неговиот началник или шеф Бунде и не знае ништо за нашите средби од детството во високата кула? - Раскажував само за она што се случи!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Исто така, мислам дека настаните кои се одиграа во меѓувреме се импресивни, така што оптимизмот содржан во мојата забелешка - т.е. оптимизмот во поглед на можноста за менување на општеството - станува помалку... помалку забележителен на површината на моите чувства и беше заменет со некој вид молчење, така што, како што и самите забележавте - или не го забележавте тоа, но, тие дневници, “Како да се подобри светот”, продолжуваат... не знам кој е последниот датум во нив, но мислам дека има околу пет или шест години откако не сум ги пишувал.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Татко ти беше дури и премногу воздржан, со резервирана насмевка; сите свои постапки како да ги држеше под контрола, па сепак беше и прилично учтив и внимателен; дури не ме ни праша што готвам за ручек а тоа беше неговото прво прашање кога ќе влезеше во собата; веројатно сметаше дека и ручекот е домашна тајна; само се накашла погледна лево- десно, и изгледа се сети: отиде лично надвор во тремот, го поткрена капакот на тенџерето, а јас го дочекав како и секогаш со онаа моја забелешка "виде?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но додека го шепотам она плашливо, можеби требаше да почекаме, ја чувствувам и самиот неискреноста на мојата забелешка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Инаку потребата да се појави за да ме зазбори и овојпат Привидот ја оправдува со една моја забелешка, што божем негде ја имам речено (а којзнае што сум рекол и што му било пренесено!).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)