мој (прид.) - замине (имн.)

Зар ме заборавиле, само по кусо време по моето заминување?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Твојот заборав и моето заминување сега и сам Господ - бог не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Уште тогаш си создавав во свеста семожни аргументи во прилог на стратегијата за моето заминување од Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со недели размислував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку обично беше решението што го донесов, а толку грдо ми се чинеше кога требаше да и го соопштам, иако знаев дека таа нема да го слушне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност помислив дали воопшто е упатно водењето такви разговори и тоа кришум од другите кога сум речиси сигурен дека секој момент се повеќе се зголемува раздалеченоста помеѓу неа и мене?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Не дека ќе те напуштам засекогаш, но ова мое заминување ќе потрае", речиси шепотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше моментот кога помислив дека треба да и соопштам на мајка ми за моето заминување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури во еден момент се посомневав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека имам многу размислувано за моето заминување и за се она што се случуваше дента кога го сретнав човекот за кого помислив дека ќе ме усреќи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред моето заминување од Париз, Ксавиер ме повика на сангриа: - Штета што си одиш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше ретки исклучоци. И јас бев меѓу нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но во секој момент можеше да дојде телеграмата за моето заминување!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега точно знам, ако тогаш во некои моменти не сум се внесувала сосема во неговото расположение, дека мислата на моето заминување ја доживуваше како голема опасност, та сега сакаше да се одбрани.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога ќе се слушнев со луѓето со кои не сум се видел уште од моето заминување во болница, неретко некој од нив и заплачуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка, пред моето заминување во Франција, во пролетта 1993 година, најчесто остануваше во Татковата соба-библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лично од човека зависи колку е спремен да поверува, тетка Босо!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира дека не можам да поверувам дека сите овие измени и преселби се прават за да биде спречено, или најблаго речено, одложено моето заминување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вие се задржувате во вашето писмо на моето заминување и враќање од Албанија во пролетта на 1979 г., во времето на сталинистичкиот пекол во оваа земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но сигурно со моето заминување во Париз не стивна моето пријателство со Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Фрежис замолив мој близок да ми ја проследува поштата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Тунис, како амбасадор на СФР Југославија, речиси сите лета ги минував во Струга, на бреговите на Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во гласот открив поголема живост од минатиот пат, но тоа не беше доволна утеха дека таа беше како пред моето заминување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Вашето писмо од 15 октомври 1999 г. со книгата на Робер Делор, Животните имаат историја, кое претставуваше чудесен дар, го примив на денот на моето заминување од Париз по долго-годишната дипломатска мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На денот на моето заминување Госпоѓа Изабел не беше во станот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неколку месеци пред моето заминување во Албанија беше објавен на албански јазик есејот „Космополитските идеи во поезијата на Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)