Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И кога конечно решив да патувам, бев начисто и во свеста и во потсвеста, дека треба да ги напуштам сите сомневања, на загрижените за мојата иднина на обете страни од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Јас сум сега заробена меѓу моето минато и мојата иднина,“ зборуваше Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зар ќе овене сарделата и, во исто време, со истото темпо, во истите дни, минути и часови, ќе се угаси и сè околу мене - љубовта на Агна, онаа сопствена мерка на живот, мојата волја и мојата иднина?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како да не правам ништо корисно за мојата иднина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Жесток хуманизам на еден очајник кој за мојата иднина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше загрижена за мојата иднина, за иднината на моето семејство, за можноста да постои хармонична мултиетничка Македонија, како иден дел на Европската унија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Далеку сме од Лебедовото Езеро. Најпосле во недостиг на грациозните балерини, овие танчари ќе продолжат можеби да го спасуваат битното.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Никаде не ме пушти на училиште и така ја затвори вратата на мојата иднина и ми ја реши судбината за некое време.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кај Мајка се беа врежале Татковите зборови за училиштата кои го заобиколуваат затворот, па многу се загрижи за мојата иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)