мој (прид.) - машина (имн.)

На мојата машина беше поставен белиот лист хартија, готов да го прими мојот голем немир.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ти го изнајмувам зарипнатиот глас на мојата машина за кротење букви, заедно со извежбаната позирачка трпеливост од моите фотографии, на неколку години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со стравот потпотиснат од надежта што ми ја врати изворот вода долу, јас се исправив целиот, со сета височина, и во летната вечер, следен од мирисите на тревите и од болскањето на светулките, се вратив во собата кај мојата машина за пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Масичето, можеби пониско од нормалното и подизлупено, изгледаше тукуречи кокетно со малата ткаена крпа под ибричето со цвеќе, со Библијата, мојата машина за пишување и кошничката со испишани изводи од десната страна и рамчето со слика од Стефана, на левата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На пример, седам овде и гледам во нешто што мојата машина Обоено Стакло само што го покажа на мониторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова ми е трет ден. Сем Хант доаѓа до мојата машина со сантиметарот и мери колку е прав мојот шев.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога толку многу ќе ми се приближи гледам дека белата кошула не му се лепи за ниеден дел на телото затоа што тој не се поти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Носи беж елек, драп панталони со раб, светнати кафеави чевли, бела кошула.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но дебелите жени од Галвестон се потат како коњи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)