Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
„Мојто момче, Џемо море, не е дома, мојто момче на туѓина, на туѓина, на печалба.“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
- Сигурно ве интересираат моите момчиња, сега возрасни луѓе.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Беа ги пресекле диреците на мостот, и кога се качија педесетина од моите момчиња на него, тие се ортоми го тргнаа мостот и сите попаѓаа во реката.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Круто го одбив, велејќи му дека тука е дојдено моето момче со кое претходно бев скарана и сега се смиривме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тажно рече: - Несреќно мое момче, сега слепо, куцо ќе ми одиш цел век! - па потоа со најголеми навреди ѝ се нафрли на проклетата муза.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тука е моето момче, дојде од странство, а јас сум уште понезадоволна. * * * ...
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)