мој (прид.) - началник (имн.)

Во еден момент помислив дека можеби мојот началник се надева, сосема природно, да покажам љубопитство или сака, низ бавниот и банален тек на разговорот, да го испровоцира тоа љубопитство, но искуството ми зборуваше дека не смеам да паднам на таквиот испит.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најдов храброст и му реков на мојот началник дека не сум во состојба да изделам време за видување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа „и така натаму” беше карактеристична додавка во завршницата на секое кажување на мојот началник и јас никогаш на тоа не му придавав значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Идниот ден, утрото, во мојот кабинет долго седев во фотелјата со испружени нозе на табуретката и се обидував барем една трошка да сведам на конкретно значење од сето она што во ресторанот „Зона” си го кажавме со мојот началник. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)