мој (прид.) - отсуство (имн.)

- А, сега, бидејќи преминавме на ти, кажи ми како ти го преживеа моето отсуство?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не плаши се од моето отсуство, од мојата незаинтересираност за тебе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ханка насетуваше дека нешто се случува со мене, беше загрижена за моите отсуства ноќе, кога ќе се вратев ми се дереше, попиздуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Издржи ја безграничната празнина што зјае од моите очи. Сега навистина си сам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вака, со моето отсуство, јас им изгледав надмен и дрзок. Станаа гневни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Моето отсуство, а посебно пишувањето, ги вадеше од умот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Заминав со ТеЖеВе (Воз со голема брзина), макар што мојата централа во Скопје беше известена за моето отсуство, се разбира не од мене!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зградата на библиотеката беше во центарот на рлоштадот Клемансо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Плачејќи се вратив дома. Никој го немаше забележано моето отсуство.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нема да заобиколувам: бев вистински вознемирен, а вознемиреноста поради исчезнувањето на Загорка Пеперутката произлегуваше и од сознанието дека она што се случи му се измушнало на моето внимание; дури склон сум да помислам дека за изведувањето на ова бегство било искористено и моето отсуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше лесно да се забележи дека таа во мое отсуство пребарува по фиоките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ќе можам да ги фатам и да ги предадам во рацете на законот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)