мој (прид.) - паметење (имн.)

Останавме и двајцата со своите уверувања, но точно е дека во моето паметење беше врежано сомнението дека можеби сум згрешил, иако сè уште го слушав и тоа прилично јасно звукот на карактеристичната сирена на тие возила а идниот ден разбрав и за некаков пожар во соседството, иако противпожарната не беше спомната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ноќ тешка, ноќ дождлива слушам само капки од дожд... се ронат од облакот на зениците, врз хартија, запис што навестуваше збогување, кое боли...во мракот Се уморив од сликата што висеше, од психогенезата на харддискот од моето паметење, за човекот со влажниот осојничав поглед, во далечината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но тогаш го премолчав ова откритие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука, во Корча, во еден дел од моето паметење чувам уште едно место кое остави неизбришлива трага..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)