Се гордеам со моето педигре, се гордеам со искасапеното лево уво, се гордеам со загубениот вид на, исто така левото, око, си мисли К*, окото го загубив уште како штене, ми остана само едно по борбата околу контејнерот, но сепак, и тоа ми е доволно, си мисли К* и се чеша под пазувите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)