И тој потем, сосема бавно, театрално, ја извади од својата фиока мојата песнарка на маса; на очите ми навреа солзи: делото на моите раце, единствениот примерок на мојата душа, оригиналот што ѝ го подарив на мојата Луција, сега се наоѓаше во влакнестите раце на Фискултурецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)