мој (прид.) - позиција (имн.)

- Не очекуваше дека некој во моја позиција може вака да размислува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Практично дојдов кај Вас за да Ве поканам на човечко дружење”.  „Мојата позиција, знаете е специфична”, рече Беренц, кревајќи ја главата и одново заменувајќи ја срдечноста со резервираност.  „И мојата беше во Минхен, па сепак го восприемав и градот и Баварија со сите духовни сетила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
БОЖО: Значи јас сум за тебе лош писател, политикант со двоен морал, што ги гуши младите книжевници, држи духовен монопол, патува со платени дневници, држи пригодни говори и академии, и ти веруваш дека со овие педесет страници инфантилен цинизам ќе ја разнишаш мојата позиција?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Просторот под мене долу, спроти гробиштата на Долнец, не можев од мојата позиција да го видам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таму со задоволство влегував во католичките цркви и катедрали, и иако православен, се молев заедно со католичките верници. Вие сте католик?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да видиме дали можам да ти возвратам и тоа убедливо. ÿе биде итро, бидејќи како што кажав на почетокот не е лесно јасно да се изложи мојата позиција; се обидувам да ги артикулирам интуициите коишто имаат свој корен попрво во техничките работи кои сметам дека не се претходно грижливо артикулирани (иако, иронично, твојата ТТ/ТТТ дистинкција најмногу им се приближува, затоа зошто се расправаме?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И тие ја имаа насетено мојата позиција. Ги слушале разговорите дома.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Пешадија, со до сега неодреден број и сила, со поддршка на тенкови, ги напаѓа моите позиции.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)