И сите вие другите околу него се развревивте, со тивки зборови на одобрување и на восхит, оти тој човек успеа така милозвучно и вистинито сите мои поуки и насоки што дотогаш ги кажував да ги стегне во само неколку збора.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но тој одмавна со раката сакајќи да ја смири вревата и едновремено да покаже дека има уште да зборува, та кога околу него повторно завладеа тишина, продолжи, обраќајќи ми се пак мене: ’Стариот закон нè учеше дека плаќаме за сите свои дела на земјава – око за око, заб за заб, така ни беше кажано, татко.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)