мој (прид.) - предвидување (имн.)

Херцог и Сивиќ се одвојуваат настрана.) ХЕРЦОГ: Моите предвидувања почнаа пребргу да се остваруваат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)