Време беше и јас да си одам. Мојот престој се ближеше кон крајот. Полека се подготвував...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како што кажуваат моите белешки од тетратката со рачно изработена корица од бел картон нашаран со траги од црвено и сино мастило направени со четкичка за боење и со наслов китнасто напишан ДНЕВНИК НА ТАШКО за своето проживеано, станува збор за мој престој кај Нанчо повеќе од еден месец, односно според записот од 15.10.1951 г. понеделник, кај бајто Шишко сум се преселил на 14.10.1951, во недела.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мојот престој во Албанија се претвори во вистинска рашомонијада, во фантомско патување меѓу семожни режимски режирани фантазми.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А и мојот престој во Горно Морино не треба да се мистифицира.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)