мој (прид.) - размислување (имн.)

И така тој не престануваше будно да внимава на моето размислување, движење, говорење, молчење, дишење!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во сите тие мои размислувања доминираше првата „јас“. Таа што се надеваше и што веруваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти пишував за сѐ што се случува наоколу, за децата, за роднините и пријателите, за сите мои размислувања, за сите збиднувања… Така ја празнев душата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Отсекогаш верував дека ваквите разговори нему многу му годат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И што мислите, каде водат овие мои размислувања?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите овие мои размислувања, можеби во некој поинаков редослед, гласно ги искажав пред Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сенката од зад ламбата како да го беше наслушнала моето размислување па таа самата побрза да објасни дека не му припаѓа на другарот Ѓурчин: - Со другарот Ѓурчин внимателно ги разгледавме изјавите на обвинетиот - почна да објаснува сенката од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток дека Иван сфаќа оти од секоја изречена претпоставка произлегуваат многу многу нови прашања; дека постојат и премногу патеки, и дека секоја нова патека е всушност патека на заскитувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Го сфаќаме настанатото недоразбирање, и веруваме дека младиот човек ќе размисли за своите грешни заклучоци а со тоа ќе извлече и соодветна поука.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Одмори се малку, суво го прекина моето размислување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
У то Нувусељ кај да копниш ки најш киримитка и вадин, а у Арапанов Камин тешко са најдуват! ги надополнува моите размислувања старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Очигледно дека моите размислувања се плод на самата ситуација и атмосфера во која сум западнал, ама и на разбудување на нешто ново во мојата природа, оти и покрај тоа што сум си поставил задача да ги набљудувам луѓето и животот, сум почувствувал дека и љубовта воопшто играла важна улога во животот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Останувам кај она барање на Пачев кое всушност и не беше доискажано и гледам додека под прозорецот поминува тој со оние подадени раце нанапред како да се поттикнува, како да си ракоплеска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но редно е сепак да додадам дека ваквото мое размислување произлегува од познатата навика многубројните наши болки и страдања да ги споредуваме наоѓајќи токму во тие споредби утеха.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и не бев сигурен дали Б. С. е спремен да прифати барем дел од моите размислувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент посакувам и да го запишам ова мое размислување но сепак се откажувам. Не го навестувам ниту на маргините.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оттаму и настојувањата да се намалат ваквите случувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јас не сум рамнодушен кога се во прашање несреќите – рече тој, како да отфрла некое неизречено обвинение или како да спори со моите размислувања. – Јас го поддржувам она познато мислење дека ништо не е случајно!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, ќе мора да се случи и наредниот, завршен настан, со кој сите разговори и целото мое размислување ќе станат беспредметни во однос на црните луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си реков, ќе му ја подарам мојата љубов на оној што ќе го земам, мислев поарно да не ја потрошам однапред, тоа беше моето размислување, а потоа сама открив некои чудни работи кај себеси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)