мој (прид.) - рамо (имн.)

Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога таа ме погледна после долго одбегнување да го направи тоа, почувствував дека има пркос во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ја спушти главата на моето рамо плачејќи со солзи кои по снагата ми продолжуваа во конци со морничав скокот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одеднаш Луција почна да се смее. Се смееше хистерично; се потпре на моето рамо, и потем се смееше до бесвест; кога се созеде, рече дека никогаш не слушнала посмешно нешто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега од моето рамо тече црвена омраза. Врелина и црвена омраза. *
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И дека гледаш преку моето рамо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А мојата смрт почнува од моето рамо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога бев со него пред телевизорот, забележував дека е сосема отсутен и дека, всушност, неговиот поглед од зад мене вкосо лежи на моето рамо и на мојот профил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еден ден, да ја утешам во болката, мојата дланка се најде на нејзиниот образ, а нејзината солза на моето рамо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Значи, таа вечер кога Нанчо ја фати вошката на моето рамо, ми рече Ти фатив една овца! па сметајќи дека не го разбирам што ми кажува, дообјасни Вошка ти се шеташе на рамото, дојди ќе ти дадам прашок! јас не мислев на вошката туку на тоа дека седам во првата клупа и дека ако таа може и по темница да се види, тогаш во светлата училница секако и од далеку може да се забележи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
“ И токму тогаш кога се подготвував да застанам пред голот, па ја соблеков маичката зашто беше многу топло, другар ми Нацка (тој се вика Александар, ама ние сосем кусо го викаме - Нацка) се загледа во моето рамо и ве праша, вчудовиден.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите сакаа да ја допрат со рака лузната на моето рамо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми плачеше и ме прегрнуваше, а татко ми ми рече дека сум едно храбро момче какво што тој досега никогаш не видел и дека забите што Египќанчето ми ги покажуваше, ловците на крокодили ги извадиле од моето рамо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реаѓираше како да открила во тој момент некоја опасност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи ти ја немаш видено - ме праша уште еднаш доктор Пачев, сега веќе надвиснат над моето рамо, а кога не доби одговор, ме потчукна и ја продолжи онаа негова игра на нагаѓања што веројатно никаде не водеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека во тој момент го почувствував причипчувањето на Катерина до моето рамо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме погали по глава, нешто рече на албански, стави рака на моето рамо и ме поведе пред масата каде во голем тефтер го запишаа моето име и нејзиното име, презиме и адресата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го стисна моето рамо со своите прсти, се насмевна, па ја тргна раката, се сврте, и излезе од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече: „Се викам Отла. Отла Кафка.“ „Јас сум Адолфина,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стана. Ја стави својата рака на моето рамо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечерта Отла пак беше во трпезаријата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако сакаш да знаеш, до последен збор ги дешифрирав знаците од играта на твоите прсти по моето рамо. Мислам на знаците од пред малку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)