Инаку да знаеш моите роднини секогаш ќе бидат дел од мојот живот, тие ми се крв, ама ти веќе никогаш нема да имаш место во него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас веднаш ја распознав: тоа беше онаа иста во која влеговме тогаш мојата роднина Емилија и јас.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Мојата роднина Емилија веќе исчезнуваше зад неа, ја видов само нејзината рака како ми дава знак да дојдам и јас, да побрзам, да внимавам, да не стојам тука здрвен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сме некаде каде што има многу луѓе. Сѐ мои роднини и пријатели.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Живее кај една моја роднина наблизу, - брзо ѝ реков, со груб глас, за да разбере дека не сум расположена за натамошно распрашување.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој човек не е како другите. Мојот роднина е хендикепиран- ниту слуша, ниту зборува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мојот роднина го избришал Господ и така ја нашол смислата на создавањето од глина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Тоа е лесно. Ама јас прво би ве замолил да појдете со мене кај едни мои роднини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Недамна еден мој роднина кој живее во Лерин ми ја донесе книгата „Историја на грчката граѓанска војна“. Многу интересно четиво.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога тетка Олга се симна надолу по скалите, веќе беше спремна за да одиме на гости кај уште една моја роднина, тетка Марија, жена на покојниот братучед на мајка ми и на Олга.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не го зедов мобилниот со себе, но по сите претпоставки мислам дека беше некаде пред осум часот изутрината кога се случи големата катастрофа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Помислив: многу грдо размислувам за моите роднини.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)