По некој збор допира и до мојата свест, најчесто зборот ме-ни-ца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Добро- зло? Нејасно се зачна ова прашање во мојата свест затоа и одговорот јасно не можеше да го исчепкам од кожурецот на мачењето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сам, заграден со три празни стола, ту низ кошмар ту студено, со обид да сум справедлив и сакам да си докажам дека моите недоразбирања со некои сограѓани се пренаголемени во мојата свест.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се струполи мојата свест на ќилимот и мавташе со црно знаменце, повикувајќи ја смртта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Разумот ги пробива силите кои повремено успеваат да влијаат на мојата свест.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Моќта на мојата потсвест и силата на мојата свест ме држат за двете раце.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Летам низ мојата свест инспирирана со незауздана фантазија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дали и тоа ја доживеа проодноста на пролетта, се уште расцутена и росна во мојата свест или во моето срце?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа беа последните искри на мојата свест.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Костурот од измислениот предел на сонот се распливал во мојата свест.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сонцето можеби тагуваше по априлските мигови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ги средувам мислите многу полека за да го опишам подземниот живот на кој му бев дел, непозначаен од другите околу мене во мракот на јамата. Кои други?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Положбата на сонцето покажуваше дека е пладне и дека сум одел без застанување блису шест часови, затоа и не беше чудно што чевлите на потечените нозе ми се распаѓаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во целиот преостанат дел од животот длабоко во мојата свест одекнуваше синтагмата - нема враќање од егзил, нема враќање од егзил, нема враќање од егзил!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Стефан Цвајг Долго време во мојата свест одекнуваше зборот матанѕа, кој го слушав за првпат во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но и немилосрдно ги отфрлува тие што не ги избрала, колку и да била голема нивната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Следејќи го транспортерот зад себе, се пластеа семожни претпоставки и варијанти во мојата свест!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во тоа педесетгодишно отсуство помеѓу животот и смртта на баба, се зголемуваше митскиот ткаеж во мојата свест за сеприсутноста на оваа жена во истрајбата на татковиот балкански егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И затоа во мојата свест толку многу зајакнуваше татковото присуство, излегуваше од самата потсвест.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од потсвеста, сѐ посилно притискаше еден глас чиј извор не можев да го утврдам: дали потекнува од животот, од силните семејни пораки втиснати во просторот, или од вистините на татковите книги, непрестано пластени во мојата свест и потрага по овие предели?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Веднаш да објаснам: оваа слика во мојата свест немаше врска со Уредот. (Редно е да напоменам дека Управата со наредба им имаше забрането на службеничките да ги носат децата во работните простории).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во мојата свест беа хипертрофирани извесни вампирски идеолошки определби.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Мојот животински порив, желбата за крв и не поднесување на авторитетите ме донесе до ова.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Бев свесна за казните, а го направив тоа што несмеев (се правев според сопствени убедувања) и се надевав на најдоброто, за да на крајот како клаузула произлезе инкомпатибилноста, несврзливоста на мојата свест и совест со неконтролираната, патогена, инјектирана глупост и идиотизам кај луѓето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Имаше и една друга слика на ритуално милосрдие од детството која засекогаш остана врежана во мојата свест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Имав чувство дека лебдеам во времето, дека сум потполно “неподвижен”, а сепак тоа што мојата свест за “случувањата” беше повишена не изгледаше контрадикторно, туку вистинито.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуверам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбрана се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Понекогаш со часови ја виснував главата над нив, а ниту една буква не успеваше да допре до мојата свест.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Знаев само дека мојата свест од мене одамна бараше диплома за завршен факултет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бидејќи сум решил: со завршувањето на работата да се сврши и со мене - тоа е повелбата на мојата свест - се наложува да ти ги пишам овие неколку реда, за да ти соопштам нешто и да се простам со тебе.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)