Вечерва мојот свет се руши, секој немир ме гуши, зошто оваа вечер и ангелите спијат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зениците на ѕверот ја отсликуваат сјајната смрт горда и мрачна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Му подарив нешто, за мене многу скапоцено. Му го подарив мојот свет. Свет кој беше недопрен. Затоа што многу го сакам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Живеам во мојот свет, богат со илузии и пророштва. Халуцинирам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Ама не сфаќај ме лошо, војводо! И ти и Бојан, и планинава и твојот добиток, и кучињата, мили сте ми, премили, но ова не е мој свет.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неколку години подоцна мојот свет се рашири.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
СОЊА: И ти си го изеде твојот дел. БОРИС: Можев уште да јадам. Не сакав. Имам лице. Не сум глодач. Ова не е твој свет. Ова е мој свет. Јас го створив. Со овие раце.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мој свет и мои светови родени, како небулата на Универзумот. Вонземски бои на мојот свет, примете ме! Повикувам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Дел од мојот свет исчезна со појавувањето на Марта Бернајс, исчезна мојата блискост со брат ми, исчезна и оној наш мечтаен свет уште пред да се појави, исчезна Венеција, исчезнавме и тој и јас во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)