мој (прид.) - светилиште (имн.)

Како најголем уметник на ѕидот на вечноста ги насликав сликите на судбината, на светото место си подигнав сопствен олтар, мое светилиште.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Станав молител во храмот, станав трагач по сопственото срце, се претворив во мечтател по сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто мојот сон во топлите ноќи е мој најлош кошмар, а животот, животот чекори по патеката на понорот, чиј крај е смрта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто овој студен немир ги разниша столбовите на моето светилиште, мирот во моето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)