Љубев со целото мое битие, срцево и душава беа претесни за таа магија исполнета со емоции, нежности, страсти, топлина, лесно постоење и покрај тежината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зошто за некои луѓе е толку тешко заљубувањето, дури и страсните романтичари преку лириката ги изразуваа, излеваа страстите и чувствата во совршена уметничка форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Илјада замрзнати иглички ги парализираат моите сетила, неможам да дишам, ме обзема чувство на ужас, како да се одземени два човечки животи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Љубиме искрено и вечно, но се разделуваме, а не сме виновни за разделбата, грешиме затоа што не сме совршени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ги пронајдов твоите очи меѓу замаглените ходници, ме опи твојот мирис меѓу загушливите простори, го осетив твојот допир меѓу острите ладни ѕидови, моите сетила те посакуваа, а моите чувства им дадоа лик на тие немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Им мавтаат со знаменцата-срценцата, ги поздравуваат гласно устите на моите сетила.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
По нешто, сеедно бев известен или моите сетила беа со престажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не знам дали треба да сум зачуден!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ваквото чувствување на појавава ја сфаќам како нечие поигрување со моите сетила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бев лично присутен, а што е уште поважно, го бев доживеал со повеќе мои сетила. (Се сетив и на едно друго мое доживување кога Катерина успеа да ме разувери дека возилото што помина по улицата под нашиот прозорец било од противпожарните!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А тоа поминување на возилото се беше случило непосредно пред нашата расправа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но да им се вратам на почетоците. По нешто, сеедно дали бев известен или моите сетила беа со претскажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Само жестоко!“ вели слугата, плеснува со рацето; колата тргнува напред како дрво носено од водна струја, сѐ уште слушам како вратите во мојата куќа се разбиваат и се распрскуваат под налетот на слугата, а потоа очите и ушите ми се исполнуваат со брмчење кое навлегува во сите мои сетила подеднакво.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Разгледувам наоколу; никој не го слушна тоа; родителите стојат безмалу наведнати нанапред и го очекуваат мојот суд; сестрата донела стол за мојата чанта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)