Всушност бев со впечаток дека не ме смируваат неговите зборови туку токму тој лет на звуците, што оживуваа во мојот слух а веднаш потоа се трансформираа во разиграни птици.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Теофил Готје прилично интроспективно и самоаналитички ги објаснува и прецизира своите халуцинации и синестетички искуства: „Мојот слух извонредно се разви: Слушав звук на боја: зелени, црвени, сини и жолти тонови доаѓаа во таласи кои јасно се разликуваа”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И јасно е, секогаш ќе се оправдам пред секој читател, дека Дури и да сум сакал, дури и да сум ја употребел целата вештина и сила, не ќе сум можел луѓето и настаните да ги внесам во повеста со сите својства што ги имаат навистина, туку само онака како што сум ги видел јас, како што ги виделе моиве очи и како што влегле во мојот слух.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)