Кажете, браќа, кажете, кажете - па поминете - мене ме ништо не дига, мојата смрт е - карасмрт!“
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ме закрепуваш за да не паднам, не дека ме сакаш, туку дека се плашиш од мојата смрт.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Оче Симеоне, Марија ја бара мојата смрт под една палма. Да се обидеме како пустинските номади?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ме уби веста за мојата смрт, Јано, завиткај се в бело и дојди да се смееш над мојот весел труп, и пишуваше в полусон, колнејќи се кога ќе се разбудеше дека утре навистина ќе и прати писмо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За чудо уште верувам во тоа дека јас и Бојана ќе го турнеме Стојан од својот престол... или да си бидам искрен пред себе си – сеедно ми е како сето ова ќе заврши... господе само немој да им наштетат на мајка ми и на татко ми... ако работите тргнат наопаку белким ќе бидат задоволни со мене и мојата смрт... * * * - Бојана мора малку да го потсредиме нашиот гардист.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Сакам и со мојата смрт да бидам во полза за делото, за кое живеев, работев и ќе умрам - делото за ослободувањето на нашата скапа и сакана Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пред неколку месеци отидов во Осигурителното друштво “Њујорк“ и се осигурав на 10.000 златни франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде исплатена.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Не сакам по мојата смрт да речат, беше трчилаж.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А мојата смрт почнува од моето рамо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Марија е Марија, и првата и втората, мојата смрт ќе е занив здодевна реприза - докторот Мрак за нив умре.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Добра ноќ и вам кои не сте на број, вам благи, бели жени, бели болки, срни, вам - преселни птици со меки топли крилја, бели жени, вам - две таги со зелени очи, некогаш полни со цвет на маслинка, со илјада сонца, добра ноќ - проклета пијаницо со мртви раце нејаки за нови летови, глуви за акорди, слепи за други Марии, студени за својот бол, добра ноќ, невесел палјачо со истргната нога, удирај со двата месингани таса и исполни ја празнината што остана зад нивната смеа, добра ноќ, добра пакосна ноќ, со која некој во мене ќе сонува нож, некој роден во алкохол по мојата смрт, некој на кого му е името за смеа Добра Ноќ.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас одлично знам, дека ако се случи со мене нешто, ти, се разбира, многу би се налутил, но истовремено со тоа бргу, бргу би ги премерил своите чувства, за да видиш нема ли да испадне за тебе некој џокер, некоја добивка - о, макар и сосем малечка! - од фактот на мојата смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако не добијам дотогаш пари, барем ќе знам, дека ја посакуваат мојата смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Добро би било и Скрче по мојата смрт да не попушта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На обвивката на едната пишуваше да се прочита по мојата смрт! Занемев!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Смртта ми се приближуваше, смртта беше пред мене, и јас ги затворив очите пред мојата смрт. 2.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ама, зар ова е мојата смрт? Смртта треба да ми ја донесе господ, а не некои долни арамии. Не е така? Да не исчекам, ако не е!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)