Добар пример е идењето на кафе кај едни наши прекрасни пријатели (иначе, мои сограѓани).
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Им велам на моите сонародници дека ваквите шеги не ми се драги, бидејќи Америка сега е мој дом, а Американците мои сограѓани.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Понекогаш ме обзема и гадење кога ќе слушнам како моите сограѓани сѐ почесто својот демократски избран претседател нагалено го викаат “татко”, “тате”, “стари”, заборавајќи дека “стари” уште пред неколку години го викаа Тито, но и со гадењето ќе излезам на крај.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)