Секогаш кога помислувам на поезијата, јас помислувам на она кое стои над моите страдања.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Вижд, мајко божија, мое страдање, живот и помин, мое трпење...
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Таа само за миг ме држеше за рака зашто јас не се покажав доволно маж да си ги зачувам за себе моите страдања.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го мразев целиот свет: сите; и Луција и Земанек, и Фисот, и Партијата; сега конечно се прекина папочната врска меѓу мене и Луција; дури ги мразев и оние што ништо не ми сториле, што беа неутрални, како Земанек; ги мразев затоа што беа неутрални, и со тоа го охрабруваа моето страдање.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Господине,
Вашата поштенска пратка со различни написи за вашите книги најпосле ми пристигна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога се појави Елен Лејбовиц во светот на моето пишување, навлегувајќи длабоко во трите книги од балканската сага имав чувство дека таа го беше открила и моето страдање поради татковото отсуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Може тоа е наградата за сите наши и мои страдања, постојано да го имаме вниманието на другите!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И се сетив на ноќите на очај од мојата младост, од она време кога мајка со крвничко уживање тураше сол на отворената рана на мојата душа, се сетив дека во тие ноќи копнеев по оваа ноќ, по нејзината последна ноќ – тогаш, десетина иљади ноќи пред оваа ноќ, посакував одмазда, и единствената одмазда можеше да биде во мигот на нејзината најголема немоќ, во нејзината немоќ пред смртта, да ја потсетам на мојата немоќ, на нејзиното ѕверство во моето страдање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Е, се спуштаме едно утро во длабокото, а мајсторот како да ги насетува моите страдања“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)