мој (прид.) - студија (имн.)

Во мојата студија за детето јас посебно се задржувам на сите фази на детството: 1. Првото детство. Формирањето на индивидуалното јас. 2. Второто детство. Формирањето на социјалното Јас. 3. Пубертет. Адолесценција и 4. Младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немада ми веруваш, во сонот ја гледам мајка ми, како стигнала до вујко, до својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, па го моли, по моите студии, да ме задржи во Цариград, да не се враќам на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој веројатно си имаше планови и во врска со моите студии, но никогаш не ги искажа ниту пак ги навести.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)