Се разбира, овој мој суд беше воопштен, дури се сеќавам оти тогаш помислив дека таквиот суд не се однесува ниту на тројцата демобилизирани партизански команданти, ниту на ситното човече кого на галено го викаа крлешче, а најмалку пак на нас двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Разгледувам наоколу; никој не го слушна тоа; родителите стојат безмалу наведнати нанапред и го очекуваат мојот суд; сестрата донела стол за мојата чанта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со тие коњи кои сега некако ги олабавија ремените; кои ни сам не знам како, однадвор ги отворија прозорците, и без да ги збуни крикот на семејството, ги провлекуваат главите секој низ по еден прозорец, па така мирно го посматраат болниот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но Господ Сздов, којзнае зошто вознемирен токму од оваа моја неанѓелска помисла не пропушти да праша на кого сум мислел.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)