мој (прид.) - теме (имн.)

Од голово мое теме безброј букви што ги китат тој ќе чита.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Читаше бавно со мек глас, од голото теме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Тој ме учеше да говорам Карта, Порта, Арамија. - Карта, Порта, се муртеше агентот и чукаше со свитканиот показалец по моето теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо ми погледна во празниот кафез и рече: - И право е.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој ја спушти меката дланка на моето теме и се насмевна.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ми се чинеше дека не дишам, ми се чинеше дека не чувствувам ништо, само допирот на неговите усни на моето теме, и топлината на неговиот здив што мирисаше на алкохол, и цврстината на неговите раце што ми ја притискаа главата во неговите гради.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„О, каква страст,“ наеднаш се слушна блиску до нас гласот на Августина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)