- Јас сум Рада. Од Македонија сум. Поточно од Куманово, а оваа прекрасна госпоѓа е мојата тетка, - самата се претстави Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Наследив сѐ што поседуваше мојата тетка. Имотот во Бечеј и замокот во Качарево.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Починала една моја тетка од Бечеј. - Значи еден лешинар помалку во фамилијата. - злобно ѝ одврати Ружа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Што се крие зад овие метафори на мојата тетка?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таква беше горката судбина на нашето семејство на двете страни од границата: едни знаењето на туѓите јазици ги спасуваше во тешките времиња во животот, други ги завиваше во црно... * Којзнае уште колку во мислите ќе трагав по сликите напластени во свеста од раскажувањата и потрагата по минатото на семејството за татковото враќање од Цариград во куќата пред мене, за заминувањето и враќањето на мојот чичко од Лондон, враќањето на мојата тетка во Албанија, доколку од занесот не ме извлечеше сеприсутниот и едноличен глас на водичот Х.Х.: - Ги разбирам вашите чувства, по 38 години да се најдете пред прагот на родниот дом!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овде се проучуваа случаите на мојот чичко, на мојата тетка, на мојот татко, на мојот дедо, на целиот обесправен, потчинет и понижен род.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Едно претпладне кога Вера и Ели беа излегле в град да купат нешто од продавниците, ја здогледав како влегува во дворот помалата сестра на мајка ми, мојата тетка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Најстарото дете на баба ми е мојата тетка - да ми е жива и здрава до стотата, ако верувате во прикаските за наречници, нејзините сигурно ѝ прорекле дека целиот живот таа ќе се грижи за други.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Колку што ме држи сеќавањето, баба ми беше ниска и ситна жена какви што беа и моите тетки (сестрите на татко ми) Јордана, Стефана, Цвета и Велика, а тета Стојна беше крупна и стројна, на дедо ми Доне.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Стигнувам да ја видам мојата тетка Фатмира, последната од татковата лоза.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Само пред некој ден го сонувала брата си, на другата страна од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја прегрнав: - Правична е оваа моја тетка, - си реков. - Баш си ја сакам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Роди два сина. Татко Ариф и чичко Сами. И три ќерки, моите тетки Мирвет, Нермин и Сервет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога си заминувавме тетка ми Марија убаво ме изгушка, а пролеа и неколку солзи поради тоа што толку ретко го гледала нашиот сој.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Овојпат уште потешко ми беше да се справам со подуениот стомак, па оставив едно копче откопчано, пуштив вода, заборавив да ги измијам рацете и ја отворив вратата каде што ја затекнав мојата тетка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)