На мојата улица пак нема кај да плукнеш од новоградби и автомобили.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Една вечер ја видов, на мојата улица, токму под мојот прозорец и Луција; беше во првиот ред, со свеќа во раката што ѝ го осветлуваше убавото лице, и извикуваше: „Да живее слободата, да живее новата народна уметност!“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На овој пат низ неоткриени географски места, стварноста ја доживував поинаку отколку таму, во Пупипафија, Во таа моја улица и моја татковина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во непознат крај не си ни на небо ни на земја. Не знаеш каде си.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Мојата улица нема куќи високи, ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Мојата улица е мала и безимена, со обични радости и обични грижи, и да нема зеници од сонцето подгорени не ќе може ништо со светот да ја зближи.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Ја мразев мојата улица, раскопана, каллива и полна со дупки.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)