Потоа мајка ми ѝ соопшти на тетка Олга дека одам на конференција за млади метеоролози во нивниот реон, со тоа што сигурно и сите соседи во нашата зграда погрешно се информираа за мојот успех.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А мојот успех е и твој.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Особено сега кога сите се одушевени и бликаат од радост поради овенчувањето на мојот успех.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А што се однесува до луѓето, можеби ќе се поврзам пак со нив, со нив на кои мислев секогаш кога имав успех во животот и во исто време незадоволен што тие не знаат за тој мој успех и што не добивам признание токму од нив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Првите мои чекори беа сврзани со основаното од нас списание “Сатирикон” и јас досега го сакам како сопствено дете, тоа прекрасно, весело списание. (Годишна претплата 6 рубли, полугодишна - 3 рубли.) Неговиот успех напола беше мој успех, јас сега со гордост можам да речам дека редок е културниот човек кој не го знае нашиот “Сатирикон” (годишно 6 рубли, полугодишно 3 рубли.) Но, на ова место јас � приоѓам на најдоцната, најблиска ера и нема да речам, но секој ќе сфати зашто јас на ова место смолкнувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мислам, табелата на мојот успех повеќе одеше во ширина отколку во висина.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тетка ми, бидејќи е сепак добра и умна жена, веројатно сфати како изреагирала и побрза да ми се извини и да ми објасни што се случило.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И ете, јас го започнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)