мој (прид.) - чедо (имн.)

Но нејсе, морав да се соземам, да продолжам, моите чеда растеа, требаше да се мисли за нивната иднина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не престанува да ме мачи неизвесноста како да ги употребам моите книги да влијаат во спасот на моите чеда, на нашите потомци на Балканот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останувам немоќен да им помогнам на идните генерации, на моите чеда да го најдат вистинскиот пат во клетиот Балкан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И остана сила само да рече: - Господе, колку и да е грешно, смилувај се на моето чедо!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти си мое чедо и не те оставам сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
В. Малески-Тале Лулела е мајка прво - свое чедо, тихо го лулела, солзи си ронела, таги си тажила, песна мy пејала: „Ти не знаеш, сине, прво мое чедо, на нива родено, три дни недоено - во Македонија нема слободија, младежта гнилее во темни зандани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И кога го носиш ранетиот си велиш во себе – дали некоја друга мајка така ги носи моите чеда?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ти веќе нема да го нишаш моето чедо; седејќи под убавото дрво во овоштарникот кое дава храна и сенка, веќе нема да те полнам со вкусни плодови.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камениот ѕид веќе ѝ нараснал до градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Големата љубов што ја наследив од Мајка, која цврсто ме одржуваше на кормилото на животот, Мајка велеше дека ќе ја заслужам со нејзиниот благослов ако ја доживеам од моите чеда. Таа мајкина љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)