За величината на ова писмо, за магичната и мистериозна порака на една голема личност како да станував свесен многу подоцна, кога и одговорив на првото писмо на мојата читателка Елен Лејбовиц!
III
Пишувањето ми донесе повеќе живот отколку да останев без него.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Настојував да ја споделам доверливата и интелигентна добрина на мојата читателка колку што беше голема мојата моќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ АВАНОС
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така, на пример, во прилогот Македонија, објавен во парискиот неделник Телерама број 2672 од 28 март 2001 г. од читателката Моник Деларош од Сен-Рафаел (недалеку од Фрежис), го препознавав несомненото влијание на Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Моите текстови, моето раскажување, како да се наоѓаше пред олтарот на храмот на читањето, пред вниманието на мојата читателка Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Драга моја читателке и драг мој читателу, без разлика кој си, ќе се сетиш дека моите зборови на крајот на оваа приказна всушност се љубовна изјава кон тебе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мојата читателка Елен Лејбовиц, радоста на моето пишување, во потрага по среќата во меандрите на егзилот, не можеше да знае дека мојата мисија како амбасадор во Париз завршуваше токму на денот кога го добив ова прво писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)