Тргнавме натаму кон камбанаријата. Јас веднаш се искачив дури горе кај ѕвоното, а Јован остана долу, ја побара кутијата цигари во сините работнички пантолони и, откога ја најде, си извади цигара, зачуден од моето љубопитство.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пред некој ден, го нахранив моето љубопитство со податок што зборува дека: „Секојдневните проблеми, притисоците на работа, долгиот период на транзицијата, Македонците, наместо со психијатар, го решаваат со Дијазепам“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, моето љубопитство претегна над привлечноста на смелата глетка.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Оттаму и моето љубопитство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и градот што беше спомнат како нејзино родно место таа тврдеше дека е измислен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Впрочем за сите податоци запишани во „Откритиот лист“, што бил издаден на нејзино име за време на окупацијата при крајот на 1941 та, таа велеше дека се измислени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си замина и многу осознаени но нерасветлени поединости однесе со себе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Првпат слушам за такво име, - одговорив, божем незаинтересирано, ама признавам, сето тоа почна да го побудува моето љубопитство.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)