Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сметајќи ги неговите аргументи премногу обични и упростени постојано поаѓав од моите речиси единствени ставови и мерила: дека овој наш свет е и премногу минијатурен за да може да се живее само овде и само сега, и само според законите на Адам и Ева.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Изгледа ти и не си сакал да помислиш дека Денко Самоников најмалку живее овде и сега - паметам дека го завршив моето излагање- Тој изгледа одамна беше зачекорил во она друго време, во кое се наоѓа сега.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)