мртов (прид.) - е (гл.)

Дури и усните ѝ беа бели. Мртва е!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Родот мртов е, но сѐ уште има луѓе што јазикот нивни го разбираат и читаат слова нивни.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мртво е, прашувам, уште така зината стојам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господине, се јавуваме од Градска болница. Жал ни е што ќе мора да Ве известиме... Вашата цимерка... мртва е... несреќа... несреќен случај... наполитанка... се засркнала... се задавила... примете сочувство...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Ќе ја чуваш затворена?“ „Мртва е. Ја прибрав за да ја фрлам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мртва… Да ја фрлиш…,“ рече, па ги стави рацете на држачите од столот, како да сака да се поткрене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Шетање крај елка, трепери душата. Прозорецот црн, мртва е улицата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се губи. Ко мртов е, а не е мртов. Огнот не му загаснува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подзапирам крај неа, ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)