мувлосан (прид.) - леб (имн.)

По десетина минути, стариот го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китки босилек, едно крајче мувлосан леб и празно пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако старчето од приказната, „што личеше на сенка, на проѕирна пајажина“, прекопувајќи ја Земјата, ќе се најде во градот Оукланд, и од локалниот полицаец ќе биде одведен на бараната адреса, ќе се случи следното: првин ќе молчи десетина минути, а потоа „го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китни боселек, едно крајче мувлосан леб и прано пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)