Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со промените на ЗПИО од 24 декември 2008 година беше укинат изборот на видот на оспособувањето за работа при професионална рехабилитација за лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) (чл. 6, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)