Вината на Никола Леко за да биде казнет со ваквиот прогон се состоела во тоа дека ѝ го подарил на рајата поголемиот дел од своето лично богатство, а притоа, за неверниците приредил и голема веселба, прославувајќи ги на тој начин поразите на султановиот аскер кај Кипар. (А наведениот термин неверници што во ферманот го употребил Султанот се однесувал на граѓаните на Скопје.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)