Имам впечаток дека со мислите е вратен на онаа ливада недалеку од границата, надвор од селото Трстеник каде во примракот на 25 март 1948 година заедно со своите војници не прифати и не чуваше до наредната ноќ, кога со камиони не однесоа во Корча.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И секоја наредна ноќ се појавуваше од различно место од гората, а едно време и толку многу се прежали себеси што почна да се јавува дури и под ѕидиштата на чифлизите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но кога тој таа вечер, наредниот ден и наредната ноќ, не дојде, мајка му, со шамијата в раце, лелекајќи се загна во Прилеп, кај делениците, за од нив да дознае нешто за Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но тие ништо не знаеле да ѝ кажат; ја посоветувале да се врати дома си и да чека да види на што ќе излезе сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И наредната ноќ, кога доктор Миха се прибра дома уморен од претходната со провинциските актери и домашната ракија, а и нерасположен да ги поднесува божемните попатни задевања на адреса на неговиот поставен текст од познајниците на кои ќе наидеше по театарските бифиња или во Клубот на писателите и на новинарите - синот не им дојде да преноќи, ниту пак дента се јави од некаде макар по телефон.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За наредниот ден и за наредната ноќ нови дрва насекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)