Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Нашиот водач, кој нѐ поведе во народноослободителната борба, ја доби и последната битка за да ја спаси нашата земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А штом така рече другарот Захаријадис, така мора да биде, зашто ако поинаку направиш, тогаш не си со Захаријадис, значи не си со партијата и стануваш предавник на оваа наша антиимперијалистичка и народно-ослободителна борба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943 , а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Читам: „Грамос ќе стане симбол на нашата народно-ослободителна борба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)