„Отпадоците, крпениците и парталите на секојдневниот живот”, пишува тој, „постојано мораат да се пресвртуваат во знаци на една кохерентна национална култура додека самиот чин на наративно изведување интерпелира сè поголем круг национални субјекти.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Некои од овие ноторни лапачи и пијаничишта – се потсмева Хорацио Ц. на уважените учесници на бројните симпозиуми за иднината на националната култура – имаат храброст да се наречат епикурејци, а не знаат дека Епикур беше болезлив и воздржан!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да градиме некаква покомплексна информативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвентивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Балканот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатализам дека нема излез од гомнава, создавајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотелското yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чуварите на националната култура”, зомбиевските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали воопшто поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовинизам, патриотизам од национализам (кој не разбира дека државата токму настанува во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин трговски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблишмент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се разбира, не е секоја реакција на белците за демографски измени и поместувања во поимите на национална култура обоена со параноја.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој е издавач на “Нација и нарација”(1990) и автор на колекцијата на есеи наречена “Локацијата на културата” 16 Margina #4-5 [1994] | okno.mk Coco Fusco По втората светска војна, американската апстрактна уметност беше меѓу народно оценета како највисок израз на нашата национална култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, да го заклучам овој прилог за македонскиот случај од крајот на дваесетиот век: Посебно македонска црта во борбата меѓу доминантните концепции за национална култура, пак е замената на политичкиот аргумент со културниот, и оттаму падот не толку во културната и политичка психологија на раниот деветнаесети век, колку во неговото наличје.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бидејќи првосвештениците на националната култура ионака ги погазија сите културни светињи, не ни останува ништо друго освен да го прогласиме, со полна свест за консеквенците, настапот на радикалната празнина.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тие се и места каде „луѓето“ меѓусебно делуваат со други народи преку граничната линија (и на овој начин и со други „национални култури“), каде се мешаат и се судираат.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Истовремено, тие се неопходен инструмент за конструирањето на националната култура.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)