наш (прид.) - општина (имн.)

Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам кога ми рече: „Објавувајќи го гревот за божји закон, итрите и имашливите настојуваат да се заштитат од лакомоста на својот ближен“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Цветан Димов“ е во нашата општина, нема проблем со нив да се воспостави врска.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)